
Цените на електричните автомобили сè повеќе се приближуваат до цените на возилата што користат мотор со внатрешно согорување, според најновата анализа на пазарните трансакции од германскиот автомобилски експерт Фердинанд Дуденхефер.
Според податоците, разликата во просечните цени што се плаќаат помеѓу 20-те најпродавани електрични модели и 20-те најпродавани бензински модели е околу 1.600 евра, додека во септември 2024 година, таа разлика надмина 7.500 евра, објавува Wirschaftsvohe.
Овој тренд не се базира на официјалните цени од ценовникот, туку на реалните трансакции, односно износи по попусти и промотивни понуди.











