
Цената на ноемвриските фјучерси за гас на холандската берза TTF денес во еден момент се зголеми за 2,4 проценти на 90,16 евра за мегават-час, односно на околу 946 евра за 1.000 кубни метри гас, што е највисоко ниво од декември 2022 година.
Европскиот гас сега чини приближно три пати повеќе отколку пред почетокот на војната на Блискиот Исток, објавува Блумберг.
Електричната енергија исто така поскапе, а цената на годишните фјучерси за испорака на електрична енергија во Германија достигна највисоко ниво од јули 2023 година.










