
Цените на фјучерсите за гас во Европа денес на берзата TTF во Амстердам се зголемија за шест проценти на 42,4 евра за мегават-час, што е највисоко ниво од март 2025 година.
Зголемувањето на цените следеше по падот на испораките на течен природен гас (LNG) од Соединетите Американски Држави, бидејќи зимските бури го нарушија производството и го намалија протокот на гас до американските извозни терминали, додека Европа се подготвува за нов бран на заладување, објавува „Трејдинг економикс“.
Европа е во голема мера зависна од американскиот течен природен гас (LNG) откако се откажа од снабдувањето преку руските цевководи поради војната во Украина, па затоа Европската Унија сега е поранлива на прекини во снабдувањето од САД.
Нивото на зафатеност на европските складишта за гас падна на 45,6 проценти, во споредба со 56,5 проценти пред една година, а особено ниски залихи беа забележани деновиве во Германија 37,5 проценти, Франција 36,4 проценти и Холандија 31,1 процент.
Цените на природниот гас во САД денес се искачија на највисоко ниво од крајот на 2022 година, откако огромна зимска бура ја зафати земјата и ја зголеми побарувачката за енергија.
Повеќе од 822.000 американски клиенти останаа без електрична енергија, а повеќе од 12.500 летови беа откажани вчера поради бурата, објавува CNBC.











