
Цените на горивата и мазивата за личен транспорт во Европската Унија во септември 2026 година се зголемија за 31,4 проценти во споредба со септември 2025 година. На ова му претходеа зголемувања од 16,9 проценти во јули и 23,8 проценти во август на годишно ниво.
Во 26-те земји на Европската Унија, годишниот пораст на цените во септември бил поголем отколку во јули и август 2026 година, објави Европскиот завод за статистика – Евростат.
Минатиот месец во споредба со септември пред една година, три земји од ЕУ забележаа пораст на цените од повеќе од 40 проценти, имено: Бугарија (+42,2 проценти), Естонија (+40,6) и Литванија (+40,2 проценти). Уште 12 земји од ЕУ забележаа раст од повеќе од 30 проценти, со вредности кои се движат од +30,3 проценти во Португалија до +37,5 проценти во Чешка. Најнизок пораст на цените е забележан во Унгарија (+6,9 проценти), по што следат Ирска (+17,7) и Шведска (+19,9 проценти), со значителна разлика.
Цените на дизелот се зголемија за 5,9 проценти, а бензинот за 6,7 проценти во споредба со август 2026 година.
На месечна основа, во септември 2026 година, потрошувачите во ЕУ забележаа зголемување на цените на дизелот од 5,9 проценти и зголемување на цените на бензинот од 6,7 проценти во споредба со претходниот месец. Во август 2026 година, цените на дизелот се зголемија за 8,3 проценти, а цените на бензинот за 3,3 проценти во споредба со јули 2026 година.
Помеѓу август и септември 2026 година, цените на дизелот се зголемија во 26 земји од ЕУ. Најголем раст е забележан во Шведска (+12,8 проценти), Латвија (+10,3) и Полска (+9,7 проценти). Најмал раст е забележан во Шпанија (+2,4 проценти), Хрватска (+2,5) и Романија (+3,0 проценти).
Кога станува збор за цените на бензините, 26 земји, исто така, забележаа зголемување на цените помеѓу август и септември. Најголем раст е забележан во Шведска (+13,8%), Полска (+9,7%) и Естонија (+9,5%), додека најмал раст е забележан во Кипар (+3,8%), Романија (+4,2%) и Словенија (+4,6%).










