Цените на кафето се намалија – прв пад за 18 месеци

Потрошувачките цени на кафето во Бразил беа пониски во јули за 1,01 процент во споредба со претходниот месец, што е прв пад за година и пол, објави  Бразилскиот институт за географија и статистика (IBGE).

Падот на малопродажните цени во најголемата земја во Јужна Америка дојде како резултат на пониските цени што им се исплаќаат на земјоделците по бербата на овогодинешната реколта, која сега е во завршна фаза, објави Ројтерс.

Во текот на изминатите 18 месеци, кафето беше еден од главните двигатели на инфлацијата во Бразил, вториот најголем пазар за кафе во светот, забележа IBGE.