Цените на мало во јули повисоки за 2,5%

35

iГодинава кај цените на мало во јули забележано е намалување во однос на претходниот месец, а зголемување во однос на јули минатата година.

И кај трошоците на живот има намалување во однос на претходниот месец, а пораст во однос на јули лани.

Па така според податоците на Државниот завод за статистика, цените на мало во јули биле пониски од претходниот месец за 0,8%, а трошоците на живот за 1,1%. Во однос на јули лани, пак, цените на мало се повисоки за 2,5%, а трошоците на живот за 4%.

Намалувањето на трошоците на животот од  1,1% во јули 2013 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на зеленчукот за 20,2%, овошјето за 2,4%, преработките од млеко за 0,6%, мастите за 0,5% и месото и рибата за 0,3%.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај електричната енергија за домаќинствата за 4,5%, авионскиот превоз на патници за 4%и обувките за 0,4%.

Пораст на индексот на трошоците на животот во јули 2013 година, во споредба со претходниот месец, има кај алкохолните пијалаци за 7,7 %, свежото и киселото млеко за 1,8%, јајцата за 0,8%и преработките од риба за 0,4%.

Пораст на индексите на трошоците на животот е регистриран и кај течните горива и гасот за домаќинствата за 2,1%, лековите за 0,9%, пијалаците во рестораните и хотелите за 0,7%, нафтените деривати за 0,6%, туристичките аранжмани за 0,5%, конфекцијата за домаќинствата, електричните апарати за домаќинствата и средствата за хигиена за 0,4%, сообраќајните средства и трошоците за одржување на автомобилите за 0,3%и садовите и приборот за домаќинствата за 0,2%.