Цените на нафтата нагло паѓаат

Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути малку падна втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 100,87 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 100,95 поени.

Во исто време, курсот на американската валута во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 147,45 на 146,35 јени.

Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1195 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1190 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, нагло паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 2,18 проценти, на 64,55 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 2,25 проценти, на 61,75 долари.