Цените на нафтата паднаа

Цените на нафтата паднаа утрово. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се лизна за 0,7 проценти, на 110,50 долари, додека на американскиот пазар, барелот падна за 0,6 проценти, на 103,55 долари.

Доларот зајакна

А на валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката на валути се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 99,30 поени, додека вчера во ова време беше 99,15 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 158,90 на 158,95 јени.

Американската валута, исто така, зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1595 долари, додека вчера во ова време беше 1,1635 долари.