Цените на нафтата паднаа за повеќе од 11 проценти минатата недела

На светските пазари, цените на нафтата минатата недела паднаа за повеќе од 11 проценти, бидејќи стравувањата од прекин на снабдувањето со нафта од Блискиот Исток стивнаа по договорот за примирје меѓу Израел и Иран. Цената на барел на лондонскиот пазар минатата недела падна за 12 проценти, на 67,77 долари, додека на американскиот пазар, барелот падна за 11,3 проценти, на 65,52 долари.

„Објавата на примирјето ја „избриша“ премијата за геополитички ризик од цените на нафтата“
Цените на нафтата нагло паднаа на почетокот на минатата недела, кога беше постигнат договор меѓу Израел и Иран за прекин на огнот. Така, стивнаа стравувањата од прекин на испораките на нафта од Блискиот Исток и затворање на сообраќајот низ Ормутскиот теснец, низ кој дневно минуваат помеѓу 18 и 19 милиони барели сурова нафта и гориво за клиенти од целиот свет.

„Објавата на примирјето ја „избриша“ премијата за геополитички ризик од цените на нафтата“, вели Оле Хвалбие од SEB. Благодарение на ова, цените на нафтата се спуштија на речиси исто ниво како и пред почетокот на израелско-иранската војна.