
На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката на валути стагнира.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, е околу 99,60 поени утрово, колку што беше во ова време вчера.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна за 0,11 проценти, на 155,30 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската за приближно 0,10 проценти, па цената на еврото достигна 1,1590 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, малку паднаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот се лизна утрово за 0,25 проценти, на 64,75 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали за 0,23 проценти, на 60,60 долари.











