
На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми, по одлуките и пораките на ФЕД.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 99,79 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 99,52 поени.
Во исто време, курсот на американската валута во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 143,30 на 143,85 јени.
Американската валута исто така зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1315 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1340 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа по вчерашниот пад. Цената на барел на лондонскиот пазар утрово се зголеми за 0,62 проценти, на 61,50 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,74 проценти, на 58,50 долари.











