![3-6-2](https://biznisinfo.mk/wp-content/uploads/2025/02/3-6-2.jpg)
Цените на нафтата пораснаа на меѓународните берзи до 75 долари. Американските санкции за иранските нафтени превозници го засенија трговскиот спор меѓу САД и Кина и загриженоста за побарувачката. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше 74,66 долари, a на американскиот пазар се тргува по 71,00 долари.
Пазарите беа преокупирани на крајот на неделата со новите американски санкции за иранските нафтени превозници. Американското Министерство за финансии во четвртокот објави дека вовело санкции за мрежа на компании и поединци кои транспортираат иранска нафта во Кина. По најавата на претседателот Доналд Трамп дека има намера да користи остра политика за да го отвори патот за договор со Техеран за неговата нуклеарна програма.
Санкциите опфаќаат поединци и компании во неколку земји, вклучувајќи ги Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Покрај тоа, танкерите CH BIllion и Star Forest, кои пловат под знамињата на Панама, односно Хонг Конг.
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот потпиша меморандум со кој ја врати цврстата политика кон Иран од неговиот прв претседателски мандат. При потпишувањето на документот, тој рече дека е многу тврд, додавајќи дека е подготвен да постигне договор со Техеран.