Цените на нафтата пораснаа, доларот ослабе

Цените на нафтата пораснаа, по вчерашниот пад. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се зголеми утрово за 0,53 проценти, на 100,85 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,51 проценти, на 89,85 долари.

На валутните пазари, сепак, по неколкудневен раст, вредноста на САД во однос на кошничката валути се лизна од највисоките нивоа за 17 месеци.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 102,16 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,47 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 158,05 на 158,10 јени.

Сепак, американската валута ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1220 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1170 долари.