Цените на нафтата пораснаа трет ден по ред

Поради кризата на Блискиот Исток, цените на нафтата пораснаа трет ден по ред, продолжувајќи го растот од оваа недела на приближно 13 проценти. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се зголеми утрово за 0,78 проценти, на 85,40 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,52 проценти, на 79,75 долари.

Доларот ослабе

На валутните пазари, од друга страна, вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна бидејќи очекувањата дека Фед ќе ги зголеми каматните стапки веќе во јули стивнаа.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 100,80 поени, додека вчера во ова време беше 101,22 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 162,30 на 162,20 јени.

Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1435 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1390 долари.