
Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат денес откако американскиот претседател Доналд Трамп ги укина санкциите против Русија.
Фјучерсите за сурова нафта од типот Брент продолжија да паѓаат утрово на азиските берзи, при што цената се намали за повеќе од 1,5 проценти на 107,92 долари за барел, а нафтата ВТИ се тргува по цена од 99, 97 долари за барел.
Ова доаѓа откако Трамп во петокот потпиша извршна наредба за укинување на голем број санкции поврзани со Русија, само неколку дена пред тие да стапат во сила, вклучувајќи ги царините за руски стоки и казните за купување нафта и гас од земјата.










