
На светските пазари цените на нафтата пораснаа минатата недела втора недела по ред, за повеќе од 3,5 отсто, најмногу како резултат на новите американски санкции против руската нафтена индустрија.
Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 4,2 отсто, на 79,76 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 3,5 отсто, на 76,57 долари.
По благ пад минатата година, цената на нафтата значително порасна во првите две недели од оваа година, достигнувајќи ги највисоките нивоа во последните три месеци.
Минатата недела цените најмногу скокнаа во петокот, кога беше објавено дека Вашингтон вовел санкции за руските нафтени компании Гаспром нефт и Сургутнефтегаз, бродови кои превезуваа руска нафта, трговци, осигурителни и транспортери на руска нафта.
„Санкциите ќе предизвикаат пад на извозот на руска нафта и ќе ја поскапат“
САД преземаат „сеопфатни“ мерки против клучниот руски извор на приходи за финансирање на војната против Украина, изјави американскиот министер за финансии Џенет Јелен.
Санкциите би можеле да предизвикаат сериозни нарушувања во извозот на руската нафта за главните купувачи Индија и Кина, изјавија за Ројтерс извори од руската нафтена индустрија и индиските рафинерии.
„Санкциите ќе предизвикаат пад на извозот на руска нафта и ќе го поскапат“, вели Џовани Стауново, аналитичар во банката УБС.
Цените на нафтата пораснаа минатата недела поради студениот бран во САД и многу делови од Европа, што треба да ја зголеми побарувачката за нафта за греење.