
На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката на валути се зголеми, со што се оддалечи од најниското ниво во последните четири години.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 96,60 поени, додека вчера во ова време беше 96,10 поени. Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 153,05 на 154,05 јени.
Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1915 долари, додека вчера во ова време беше 1,1980 долари. И покрај денешниот раст, индексот на доларот е на пат да изгуби околу 0,9 проценти оваа недела.
Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово се лизна за 1,02 проценти, на 70,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 1,25 проценти, на 64,60 долари.











