
Глобалните берзански индекси, вклучувајќи ги и европските, денес се во пад по осцилациите на технолошките акции и загриженоста за потенцијално преценување на компаниите за вештачка интелигенција.
„Наративот на пазарот сигурно драматично се промени во последните неколку недели“, рече менаџерот на портфолио во Natixis, Гарет Мелсон.
Според него, инвеститорите се сè повеќе скептични во врска со големите капитални расходи на технолошките компании и не се сигурни дека развојот на вештачката интелигенција ќе донесе високи приноси што ги ветуваат компаниите, објавува CNBC.
Денес во 9:30 часот наутро, индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 1,33 проценти на 23.290,68 поени, францускиот CAC 40 за 1,45 проценти на 7.998,86 поени, британскиот FTSE 100 за 0,97 проценти на 9.583,10 поени, додека московскиот MOEX порасна за 1,7 проценти на 2.553,19 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна за 1,18 проценти на 46.590,24 поени, вредноста на индексот S&P 500 за 0,92 проценти на 6.672,41 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,84 проценти на 22.708,08 поени.
Европските фјучерси за гас за декември беа продадени денес на отворањето на берзата TTF по цена од 31.650 евра за мегават-час.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 59.383 долари, а цената на нафтата Брент на 63.687 долари.
Цената на златото падна на 4.022,62 долари за унца, а цената на пченицата на 5,4363 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,16043 долари, што е за 0,1 процент повисока отколку на почетокот на тргувањето, пренесува Танјуг.











