Цените во индустријата продолжија да растат и во април

Според податоците на Државниот завод за статистика продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во април 2026 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.6 %

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно
(на домашниот и на странскиот пазар), во април 2026 година во однос на претходниот месец се зголемени во секторот Преработувачка индустрија за 0.7 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.8 %, намалени се во секторот Рударство и вадење камен за 2.5 %, а во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети.

Во април 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 14.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.4 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10.5 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6.4 %.

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во април
2026 година се зголемени за:

  • 0.6 % во однос на претходниот месец
  • 5.1 % во однос на истиот месец од претходната година