Централна банка на Албанија ја намали основната каматна стапка за 0,5%

67

Централна банка на Албанија одлучи да ја намали за 0,5 проценти основната каматна стапка, со што овој показател сега е на ниво од 2,75 отсто.

„Надзорниот одбор одлучи да ја намали основната каматна стапка, од нивото од 3% на ниво од 2,75%; каматната стапка на еднодневните депозити од 2% на 1,75% и каматната стапка на еднодневен кредит од 4% на 3,75%“, изјави гувернерот Гент Сејко.

Нагласи дека Надзорниот одбор смета дека со овој потег ќе се создадат посоодветни монетарни услови за контрола на влијанието што краткорочните шокови од понудата можат да го имаат врз инфлацијата во иднина.

„Одлуката ја илустрира подготвеноста на Надзорниот одбор навремено и симетрично да реагира на движењата на инфлацијата, кој на среден рок постепено се приближува до целта на банката на ниво од 3 проценти. Идните одлуки за монетарната политика и понатаму ќе бидат условени од нови информации, а особено со анализи и оценки за напредокот на внатрешните инфлациски притисоци“, посочи Сејко.

„Овие одлуки, секогаш ќе бидат во согласност со нашата цел за стабилност на цените, како и конзистентни со фискалната политика и напредокот на девизниот курс“, додаде тој.

Според него албанската економија блежи позитивен тренд и во првата половина од ова година забележала раст од 4 проценти.