CF8: Супер – јахта за оние што имаат сè

20

2016-01-CF8-02-bigSea Level Yacht Design, студио од Холандија, креираше супер – јахта наречена CF8, којашто е долга 80 метри и е ултра луксузна играчка за оние што можат да си ја дозволат, пишува Nautech.

Транспортното возило вклучува базен и водопад што паѓа од горната палуба, како и осум ВИП кабини со сопствени бањи. Мастер апартманот располага со приватна палуба од 250 метри квадратни и џакузи за осум луѓе. На јахтата можат да се сместат 18 членови на екипажот, дадилка и батлер.

Базенот по потреба се претвора во подиум за танцување, а гостите можат да се опуштат во киното, салата за вежбање или сауната. Освен тоа, CF8 има два лифта, хелидром и систем за третман на отпадни води.
2016-01-CF8-04-bigCF8-underway-665x3222016-01-CF8-01-big2016-01-CF8-06-big