Чадеж: Целта на Саемот на вино е земјите од Отворениот Балкан заедно да излезат на пазарот

36

Од 1 до 4 септември, Белград ќе биде домаќин на првиот Меѓународен саем за вино „Винска визија на „Отворен Балкан“ организиран од владите на Србија, Северна Македонија и Албанија. Се очекуваат 330 изложувачи од 22 земји, изјави за РТС претседателот на СКС, Марко Чадеж.

„Лидерите на иницијативата „Отворен Балкан“ дојдоа до оваа идеја“, не е едноставна и вакви манифестации организираат многу поразвиени земји, изјави Чадеж.

„Денес сме динамичен економски регион со добра туристичка понуда. На настанот ќе учествуваат повеќе од 330 винарии од 22 земји. Ќе присуствува и едно од најголемите списанија кои се занимаваат со вина, австрискиот „Фалстаф“ кој ќе има свој штанд. Денес ние сме регион решенија, добри иницијативи кои имаат многу да понудат“, нагласува Чадеж.

Претседателот на СКС вели дека Србија денес има феноменални вина и дека насадите постојано се зголемуваат.

„Покажавме дека можеме да произведеме добро вино, треба да видиме како можеме да направиме добар бизнис од тоа“, посочува Чадеж.

Една од целите на оваа иницијатива е како заедно да влеземе на пазарот, како да ги понудиме нашите производи и да ги угостиме луѓето на најдобар начин.

„Заедно со настанот на виното ќе имаме и саем за храна кој треба да го покаже начинот и духот на приготвувањето на храната на овие простори. Врвните готвачи ќе подготвуваат храна и ќе има многу предавања. Заедно сме многу посилни, заедно можеме да направиме многу повеќе ако заедно ги промовираме нашите производи и туристичка понуда“, додаде Чадеж.