Купувањето на облека во продавниците е многу важно за брендот и затоа компанијата нема намера да лансира е-трговија (купување онлајн) во скоро време, изјави модниот претседател на CHANEL Бруно Павловски во интервју за агенцијата Bloomberg.
Од CHANEL велат дека купувачите сакаат да се чувствуваат посебно, а токму тоа нивните екслузивни продавници го нудат. Освен козметичките производи, брендот не планира да продава други производи онлајн, затоа што, според нив, тоа ќе ги направи премногу достапни.
“Модата подразбира облека, а облеката мора да се види, да се почувствува, да се разбере, а тоа не може да се доживе преку онлајн продажба”, потенцира Павловски.
Тој не најави кога CHANEL би можел да започне со е-трговија. Тоа може да се случи само доколку го бараат клиентите, во спротивно би било голема грешка.