Chapter 4 добитник на наградата Консултант на годината во ЦИЕ

43

ch4Австриската агенција за односи со јавност Chapter 4 (Чептер 4) ја доби престижната САБРЕ награда Консултант на годината во регионот на централно – источна Европа во конкуренција на пет други компании.

Chapter 4 е основана во Виена во 2010 годин. Развивајќи се интензивно во последниве години, веќе е една од водечките агенции во ЦИЕ / ЈИЕ. Регионално, Chapter 4 ја има освоено довербата на многу видни компании: Lufthansa, STRABAG, HP, Ericsson, Schneider Electric, SAP, Dr. Oetker, Reed Exhibitions, WWF, Swiss International Air Lines, AbbVie, Samsung, Gedeon Richter, McDonald’s, Unilever, PepsiCo, L’Oreal, Bosch и други, а локално, Chapter 4 Македонија има искуство и успех со: ЗЕЛС, Пекабеско, Агенција за цивилно воздухопловство, Агровојводина механизација, Факултет за елктро-техника и информациски технологии, Институт за јавно здравје и други македонски компании и институции.

Chapter 4 беше номинирана како една од петте меѓународни агенции за оваа награда, вклучувајќи и некои од водечките мрежи во светот како Ewing, Grayling, MSLGroup, 24/7. Титулата, официјално, ќе биде доделена на 20 мај на гала вечера во The Roundhouse во Лондон, на најважниот европски настан од ПР индустријата. Организатор на САБРЕ наградите е реномираното ПР списание Holmes-Report, а жирито се состои од ПР експерти и менаџери од цела Европа.

„Добивањето на престижната SABRE награда за најдобра агенција во Источна Европа само потврдува дека Chapter 4 како мрежа работи европски и според современите барања на  регионалните бизниси, односно дека нашата работа се базира само на факти кои придонесуваат за задоволни клиенти. Освојувањето на оваа награда значи дека времепостоењето на една компанија не е предуслов за нижење успеси. Иако сме релативно млада агенција во централно-источна Европа, сепак сме многу успешни, брзо растеме и напредуваме. Chapter 4 продолжува да се движи по истата патека и ќе работи во интерес на успехот на компаниите“, изјави извршниот директор на Chapter4 во Македонија, Тодор Стојчевски, по повод добивањето на оваа престижна награда.