Часовник што вибрира ако имате досаден разговор

34

casovnik

Научници од Институтот за технологија во Масачусетс креираа уред што се носи на рачниот зглоб како часовник и користи вештачка интелигенција за да го “прочита“ тонот на конверзацијата, пишува SkyNews.

Уредот има сензори што го следат работењето на срцето, крвниот притисок, температурата и движењата. Научниците ги комбинираат тие информации со аудио снимки за да ја анализираат висината на тонот во разговорот, нивото на енергија, користениот вокабулар и направиле алгоритам што го проценува тонот со 83% точност.

Часовникот препознава среќа, тага и неутрални тонови и сигнализира кога на личноста ѝ е досадно преку собирање на негативни знаци како паузи или допирање на лицето.

Уредот може да се поврзе со паметни телефони којшто ќе вибрира кога разговорот е досаден. Креаторите велат дека овој уред може да им помогне на аутистичните лица или они кои имаат проблем со изразување на емоции.