
Компанијата за развој на вештачка интелигенција Open AI воведе нова функција во рамките на својата алатка ChatGPT наречена „Режим на учење“ за, според нејзините зборови, да им помогне на учениците да ги развијат своите вештини за критичко размислување, наместо само да добиваат готови одговори.
Во овој режим, Chat G-P-T им поставува дополнителни прашања на учениците за да го провери нивното разбирање на материјалот, а во некои случаи одбива да даде директни одговори ако корисникот не покаже ангажман, објавува TechCrunch.
Новата функција постепено ќе им биде достапна на корисниците најавени на претплатничките планови Free, Plus, Pro и Team, додека во наредните недели се очекува да биде достапна и за претплатниците на Edu – главно помлади корисници чии училишта купиле планови за сите ученици.











