Cheetah, прв робот на четири нозе што самостојно прескокнува пречки

24

cheetah

Група научници од лабораторијата Biometrics robotics lab од Универзитетот Масачусетс го тренираа роботот Cheetah, којшто може самостојно да трча, прескокнувајќи пречки, пишува Business Insider.

Со ова, роботот Cheetah стана прв робот на четири нозе што самостојно може да ги прескокнува пречките.

Cheetah тежи околу 30 килограми, а со леснотија ги прескокнува пречките, чија висина е околу половина метар, движејќи се со брзина од осум километри на час. На рамна површина, без пречки, роботот може да достигне брзина од 20 километри на час.

Роботот е проект на одделот за мобилност на агенцијата DARPA (Defence advance research project agency).