Чекори што ве делат од вистинската одлука

39

pen-idea-bulb-paper

Фото: Pexels

На чекор сте до донесување на одлука, но сепак не сте сигурни дали е таа вистинската. Овие неколку совети ќе ви помогнат во тоа.

Размислувајте објективно

Најчесто кога треба да донесеме одлука за некоја работа, веќе во главата имаме нешто што не влече кон одреденото решение. Сепак најдобро во вакви ситуации е да се разгледаат сите околности објективно и непристрасно. Не секогаш емоциите се на ваша страна.Оставете го разумот да пресуди.

Мирна глава

Луѓето кои умеат да донесат правилни одлуки не размислуваат со вжештени глави. Од клучно значење е да останете смирени без разлика за што станува збор. Инстант одлуките не се покажале како најпаметни. Затоа најпрво средете си ги мислите, па потоа пристапете кон одлучување.

ЗА и ПРОТИВ аргументи

Ангажирајте ја логиката и направете список за аргументи ЗА и ПРОТИВ. Што ќе биде добро, а што лошо доколку одлучите вака или онака. Многу е важно да бидете еднакво критични за секој избор. Направете листа и навратете се на неа по ден или два. Голема е веројатноста некои работи да бидат изменети.

Не се брзајте, но одредете краен рок

Важните одлуки не треба да бидат избрзани, но сепак треба да се донесат во определено време. Затоа одредете краен рок. Така ќе знаете уште колку време имате за да се решите и ефективно ќе го искористите.

Побарајте второ мислење

Побарајте совет од луѓе на кои безрезервно им верувате. Прашајте ги што би направиле да се на ваше место. Одлуката на крајот ќе биде ваша но второто мислење ќе ви помогне да ги анализирате работите  од поинаков агол.