Челници на Prada под истрага поради затајување данок

25

prada store

Две одговорни лица од модната куќа Prada се под истрага од италијанските власти поради сомнение дека затајувале данок.

Миуциа Прада и Патрицио Бертели се под истрага “поради точноста на нивни одредени пријави на даноци како поединци во рамки на компании во странска сопственост“, стои во соопштението на Prada.

Отворањето на истрагата временски се надоврза на објавата на Prada дека од минатата година седиштето на нивниот холдинг е повторно во Италија, а наводно затаениот износ на данок се однесува на 10-годишниот период кога седиштето беше во Луксембург.

“Ниту компанијата, ниту бил која од подружниците не се вклучени во оваа наводна евазија“, вели претседателот на управата на Prada, Карло Мази, пренесува BBC.

Луксузната модна куќа оваа година забележа намалена продажба на азиските и европските пазари, што резултираше со пад од 21% на добивката во првата половина на годината. Само на почетокот на оваа недела, акциите на Prada забележаа намалување на вредноста од 2%. Од почетокот на 2014 година, нивната вредност е намалена за околу 30%.

Ова не е прв пат италијанските даночни власти да ги стават под истрага лускузните модни куќи, па така минатата година под лупа се најдоа модните дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана, од модната куќа Dolce & Gabbana.