ChemCycling – хемиско рециклирање на пластичен отпад

51

Фото: Pixabay

Германската хемиска компанија BASF работи на револуционерен проект под името ChemCycling, што опфаќа хемиско рециклирање на пластичен отпад.

“Одговорното користење на пластиката е многу важно за решавање на проблемот со овој отпад во светот. Ова не се однесува само на компаниите, туку и на институциите и потрошувачите“, вели Мартин Брудермилер, од компанијата BASF, кој смета дека со нивниот проект значително ќе се намали загадувањето од овој широко распространет отпад.

Овој вид на рециклирање овозможува пластичниот отпад повторно да се искористи. Преку процес на термо – хемиска обработка, од пластиката може да се создаде вештачки гас или течност. Овие материјали може да се користат во производството и да бидат замена за фосилните горива.