
Chery Holding Group ги објави бројките од продажбата за 2023. Со крајот на декември и месечен обем на продажба од 215.690 возила, Chery достигна историска годишна продажба од 1.881.316 возила, што претставува зголемување од 52,6% во споредба со 2022 година.
Вкупниот годишен извоз на возила достигна 937.148 единици, што претставува значителен пораст од 101,1% во однос на претходната 2022 година, што ја гарантира позицијата што овој производител ја зазема 21 година по ред како најголем кинески извозник на патнички автомобили.
Потсетуваме дека минатата година Кина стана најголем извозник на автомобили во светот, претекнувајќи ја Јапонија, која претходно ја имаше таа позиција.











