Чешка бара од ЕУ ослободување за увоз на челик од Русија до 2028 година

45

Чешка бара од ЕУ изземање од санкциите против Москва за увоз на челик од Русија до 2028 година, бидејќи овие испораки се од витално значење за чешката економија, рече министерот за индустрија и трговија Јозеф Сикела.

Според неговите зборови, Прага нема алтернатива за сегашниот руски снабдувач со челик, пишува Еурактив во Брисел.

„Во сегашната ситуација во градежната индустрија, на пример во изградбата на мостови, не можеме без руски челик“, рече Сикела на новинарите.