Чешка планира да ископува литиум на своја територија

48

Чешкиот премиер Петр Фиала денеска изјави дека постои можност таа земја да почне да ископува литиум од своја територија.

Според Еурактив, се проценува дека Чешка располага со околу три отсто од светските ресурси на литиум, а голема количина се наоѓа во градот Чиновац, во близина на германската граница.

Се додава дека експертите сметаат дека Чиновец би можел да има најголемо количество литиум во Европа.

„Ние сме на работ на литиумска револуција, бидејќи употребата на литиум значително ќе се зголеми, а Европа интензивно ќе го поддржува производството на критични суровини на сопствената територија“, рече Фиал, пренесе Танјуг.

Литиумот, кој е класифициран како критичен материјал во ЕУ, е клучен за производство на батерии за електрични возила и технологија за обновлива енергија.

„Тоа е шанса да се привлечат нови инвеститори во регионот, да се подобри животниот стандард и да се отворат илјадници работни места. Имаме шанса да создадеме центар на модерна енергија и обновливи ресурси во регион кој претходно беше познат по ископувањето јаглен“, рече Фиала за време на посетата на источната германска покраина Саксонија.

Тој додаде дека соработката со Саксонија е многу важна, поради што е пропишан меморандум за соработка за стратешки проекти, вклучително и експлоатација на суровини како литиум.

Фото: Pixabay