Чешка (речиси) најде алтернатива за рускиот гас – не од САД

83

Чешката влада и шефовите на енергетските компании во земјата започнаа разговори со раководството на оманската енергетска компанија „Oman LNG“ за можноста за снабдување со течен природен гас (ЛНГ), објави локалната агенција „Seznam Zpravy“.

Така чешките власти се обидуваат да најдат алтернатива за природниот гас од Русија.

„Неодамна, претставници на чешкото Министерство за индустрија и трговија, како и на енергетските компании CEZ и Prazska plynarenska, се сретнаа со раководството на оманската компанија Oman LNG и разговараа за можноста за организирање испораки на течен природен гас од Оман за Чешка“, се вели во соопштението.

Според претставникот на Министерството за индустрија и трговија на Чешка, Војтех Срнка, преговорите ќе продолжат и во наредните недели и месеци.

Чешката агенција наведува и дека Оман не е првата земја од Блискиот Исток на чија помош Чешка се надева за увезување течен гас. Во блиска иднина се очекува да заврши подготовката на договорот со Катар за испорака на течен гас.

На крајот на април чешките власти одбија да го платат рускиот гас во рубљи и тој беше прекинат.