Чешкиот претседател: Време е да се воведе евротo

23

Чешкиот претседател Петр Павел го искористи своето прво новогодишно обраќање по преземањето на функцијата за да повика на воведување на еврото во Чешка. „Дојде време да почнеме да преземаме конкретни чекори кои ќе доведат до исполнување на оваа обврска“, изјави 62-годишникот.
За централноевропска земја со отворена, извозно ориентирана економија, заедничката валута е „логична иднина“, рече тој. Поранешниот началник на Генералштабот на вооружените сили, Павел, е на чело на оваа членка на ЕУ и НАТО со околу 10,8 милиони жители од март 2023 година.

Чешка вети дека ќе го усвои еврото кога и се приклучи на Европската унија пред речиси 20 години
Чешката Република има своја валута, круната. Прага се обврза да го усвои еврото кога се приклучи на Европската унија пред речиси 20 години, но специфична временска рамка за тоа не е поставена. Либерално-конзервативната влада, предводена од премиерот Петр Фиала, сè уште не успеала да се договори за датумот за воведување на еврото.

Сепак, промената на законот што стапи на сила на почетокот на годината им овозможува на компаниите кои најголемиот дел од прометот го остваруваат во евра да ги чуваат сметките во таа валута. Од чешката стопанска комора велат дека многу големи компании и онака веќе си испраќаат фактури во евра.