Четири бизнис лекции што не се учат на факултет

32

student

Фото: Pexels

На компаниите, кога регрутираат нови кадри, денес не им е доволна само дипломата. Тие сакаат да видат како кандидатите го применуваат знаењето во пракса, нивниот карактер и нивните вештини за тимска работа. Enterpreneur нуди неколку совети за младите студенти, на што да поработат за да ги придобијат своите идни раководители.

Технологија

Младите генерации се пораснати во дигитален свет. Вешти се во праќање пораки, твитање, постирање и зависници се од тоа да бидат константно во контакт со околината. Светот на бизнисот е поинаков. Во овој свет треба да се седи еден час, па и повеќе на состанок без да се проверува мобилниот, мејлот, Фејсбукот. Научете да ги исклучувате телефоните.

Сè уште се е во луѓето и односите

Дигиталниот свет замени многу нешта, вклучувајќи ја и лице в лице интеракцијата. Но, во деловното опкружување, луѓето се уште комуницираат лично едни со други. Затоа развивањето на комуникациските вештини е клучно за да бидете успешни во светот на бизнисот.

Бидете отворени за критики

Никој не сака критика, но да се биде критикуван е дел од работното секојдневие. Некои компании имаат цели системи за оценување. Повратните информации за вашата работа можеби не се пријатни за слушање, но мора да се научите да бидете отворени за различни перспективи.

Облека

Облекувајте се како што компанијата тоа би го очекувала од вас. Носете облека што го рефлектира стандардот на индустријата.