Четири грешки што ги правите во врска со успехот

20

finis

Фото: Pixabay

Многу е тешко, дури невозможно да гледаме на нашиот успех објективно. Честопати  не успеваме да си ги признаеме успесите кога ќе ги достигнеме и најголемиот дел од времето мислиме дека сме помалку успешни од она што всушност сме.

Еве каде луѓето најчесто грешат во врска со успехот:

Ги отфрлате целите штом ќе ги постигнете

Колку пати сте вложиле многу енергија работејќи на некоја цел што ви се чини важна во моментот, за на крај да сфатите дека е само еден чекор до уште поголема цел. Како што се приближувате до неа, почнува да ви се чини и дека не толку важна и штом ја постигнете е само една обична работа што попатно сте ја завршиле. Вниманието веднаш го префрлате на нешто друго мислејќи дека тоа е големата задача што стои на патот на визијата. Сосема е во ред да одите од една кон друга цел, грешката е во тоа што ја менувате дефиницијата за успехот штом ќе го постигнете. Една работа треба да знаете – успехот веќе сте го оствариле.

Се фокусирате на негативните работи

Еве еден прост пример: Иако сте го завршиле проектот во дадениот рок и за помалку пари од предвидениот буџет, добивате пофални зборови од девет колеги. Десетиот го критикува вашиот успех – одредени работи не сте ги направиле како што треба. Кој од овие коментари најмногу ќе ви го одвлече вниманието? Во ред е да размислите за негативните зборови, но не е во ред ако постојано се фокусирате на нив. На крајот на краиштата, вие сте само човек, а човечки е да се направи грешка. Тоа значи дека сте успешни – успешни затоа што сте се обиделе и не сте се откажале.

Очекувате успехот да ве промени

Една од најголемите грешки што луѓето ги прават во врска со успехот е очекувањето дека истиот ќе направи нова личност од нив. Помислата од типот, “Ако само уште ова го постигнам, ќе бидам навистина среќен/на”, ретко се остваруваат од причина што кога ќе го исполните условот, она што сте го ветиле не излегува според очекувањата. Достигнување на цел е токму тоа – достигнување на цел. Успехот нема да ве направи поинаква личност, нема во целост да ви го промени животот. Проблемот е што најголемиот дел од луѓето го очекуваат тоа и кога очекувањата ќе пропаднат во вода, разочарувањето ќе исплива на површина.

Мислите дека успехот е место каде што ќе останете

Многумина мислат дека успехот е дестинација – ќе работиме со години и еден ден ќе стигнеме таму. Успехот е само миг што го достигнуваме повеќе пати во текот на животот и потоа како планинар што се искачува на врвот, прави неколку фотографии и се спушта надолу по нови освојувања, така и ние продолжуваме да се движиме. Затоа е многу важно да се застане и да се прослави секоја достигната цел, колку и да ни се чини мала. Затоа што токму тоа е успех. Веќе сте биле таму и наскоро пак ќе отидете.