
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е во разговори со четири групи инвеститори заинтересирани за купување на американскиот бизнис на TikTok од кинеската ByteDance, додавајќи дека договорот може да биде затворен „наскоро“, пред 5 април, законскиот рок за оваа трансакција.
Тој не прецизираше кој е меѓу кандидатите за купување, само истакна дека „сите четворица се добри“, пренесува Ројтерс.
Во април, поранешниот американски претседател Џозеф Бајден потпиша нацрт-закон за забрана на платформата TikTok во Соединетите држави, освен ако нејзиниот кинески сопственик ByteDance не ги продаде своите операции во земјата во рок од 270 дена, или до 19 јануари 2025 година.