Четири книги кои треба да ги прочита секој претприемач

513

Покрај визијата, упорноста и организациските вештини, на претприемачите им треба и знаење, кое покрај стручната економска литература, може да се најде и во книгите што содржат искуства и совети на некои од најуспешните претприемачи во историјата.

Во продолжение  прочитајте кои се книгите  кои треба да ги прочита секој претриемач оваа зима:

Водич за дигитална трансформација (Дејвид Л. Роџерс) – прирачник за примена на дигитални алатки во деловното работење на мали и средни претпријатија напишан од еден од водечките светски експерти во областа на дигиталните деловни стратегии.

Како да направите бизнис план (Линда А. Сер) – книга во која се разработени сите најважни елементи за изработка на бизнис план, од дефинирање на целниот пазар до идентификување на конкуренцијата и проценка на ризикот.

Каизен: Клучот за успехот во јапонскиот бизнис (Масаки Имаи) – објаснување на познатата јапонска филозофија за управување, одговорна за успехот на голем број водечки компании и применлива во која било организација, без оглед на големината и активноста.

Старт – ап начин (Ерик Рис) – авторот, врз основа на долгогодишно искуство во работа со гиганти како Аmazon и AirBnB, дефинира систем за управување со претприемништво дизајниран за сите компании со цел да се постигне долгорочен раст и да се зголеми профитот.

Фото: Pixabay