Фото: Pexels
Како да излезете на крај со најчестите проблеми што можат да се случат на работното место… во продолжение.
Премногу работа
Ова е еден од најчестите проблеми којшто може да ви се појават на работа и да предизвикаат голем стрес.
Што да направите?
Ако имате премногу работа и не можете да постигнете, пробајте да ја поделите работата со некој, доколку постои можност за тоа. Луѓето кои се успешни, знаат да си ги одредат приоритетите, па стигнуваат да направат се навреме. Исто така, балансот помеѓу приватниот живот и работата е многу битен од причина што доколку го имате ќе бидете многу попродуктивни во работата.
Намалување на платата
Не мора да има посебна причина за ова, а неретко се случува во рамките на една организација.
Што да направите?
Прво што треба да направите е да не паничите и да ги побарате причините за намалувањето на платата. Разговарајте со вашите надредени, побарајте одговор – дали намалувањето на платата е поради тоа што не сте вложиле доволно или поради тоа што компанијата е во лоша финансиска состојба. Преку ваквиот разговор, пробајте да најдете решение за ситуацијата.
Промена на работното место
Желбата да ја промените моменталната работа доаѓа многу често. Ако не сте задоволни со работното место или со атмосферата што владее таму тогаш може да посакате нешто ново и подобро.
Што да направите?
Прво, не брзајте. Со ваквите одлуки никогаш не треба да избрзувате, затоа што ваквите промени се навистина големи и значајни. Но, ако сметате не може да ги искористите сите ваши потенцијали и чувствувате дека ни ве е местото таму тогаш е време за промена.
Барање на повисока плата
Сигурно сте помислиле дека заслужувате поголема плата, но сте се плашеле да побарате, поради страв да не бидете отпуштени.
Што да направите?
Ако вашата работа директно придонесува за приходите на фирмата, имате право да барате зголемување на платата. Пред да разговарате со надредените, прво добро размислете кои се причините поради коишто заслужувате повисоки примања, за да имате добри аргументи.