Четири скандинавски авиокомпании укинуваат задолжително носење маски на летови

15

Четири скандинавски авиокомпании од денеска го укинаа барањето за носење маски за време на летовите меѓу Данска, Норвешка и Шведска, јави ДПА, истакнувајќи дека нивото на вакцинација во земјите од регионот е меѓу највисоките во светот.

Скандинавските авиокомпании (SAS), Norwegian, Flyr и Wideroe ги укинуваат своите строги барања за носење маски за време на летовите. Препораките за контрола на инфекцијата во Норвешка повеќе не бараат од патниците во регионот да носат маски, така што ова барање нема да важи за летовите на Видеро. Сепак, маските остануваат задолжителни за летови до земји надвор од регионот.

Во скандинавските држави нивото на вакцинација е меѓу највисоките во светот, јави ДПА. На аеродромот Гардемое близу Осло од петокт е укинато барањето за задолжително носење заштитни маски.