Четири совети за поуверлива презентација

77

prezentacija

Фото: Pixabay

Кога имате задача да направите бизнис презентација за да ја постигнете вашата цел (освојување на нови бизниси, менување на насоката на вашиот бизнис, донесување на нови тактики) треба да ја поттикнете публиката да преземе акција. За да го постигнете тоа, потребно е да совладате некои вештини, а не само да ги пренесувате информации.

Овие неколку совети за поуверлива презентација ќе ви помогнат да постигнете успех, пишува Smart Brief.

Јасен и релевантен аргумент

Денешните бизнис одлуки се носат врз основа на податоци. Толкувањето на податоците е од големо значење за да влијаете врз вашата публика. Едноставното наведување на факти и бројки не е доволно за да ја убедите публиката. Затоа, поврзете ги фактите со ваше лично искуство и тоа што е важно за публиката.

Емоционална врска

Луѓето тежнеат кон емоционални одлуки. Кога сакате да ја убедите публиката за вашите идеи и да предизвикате акција, контактот со очи и насмевката се добар почеток. Потоа, зацврстете ја врската преку поврзување на вашиот аргумент со нивните гледишта и искуства. Употребете фотографии, видеа, лични приказни или анегдоти и помогнете ѝ на публиката да ја прифати пораката на лично ниво.

Бидете веродостојни

Не ја потценувајте важноста на вашиот кредибилитет. Дали публиката верува дека сте “на иста страна” или вашите интереси се спротивставени? За да ја добиете нејзината доверба, потсетете ја на заедничките искуства и цели.

Соработувајте и слушајте

Соработката е ценета бизнис стратегија. Кога соработувате со другите и барате различни гледишта станувате подобро подготвени во презентирањето. Дури и кога не се согласувате, слушајте внимателно како другите гледаат на проблемот. Тоа може да ви помогне да развиете нови стратегии во разрешување на проблемот.