Четка за коса што вечно ќе ја користите

74

maze_brush_featured.3624d4b5
Професорот по дизајн на Универзитетот од Охајо Скот Шим и дипломецот Морис Ко дизајнираа четка за коса што се чисти за неколку секунди.

Четката наликува на лавиринт, па токму поради тоа го носи и името MAZE. Четините односно малите боцки, се сместени на специјално изработени заоблени површини коишто лесно можат да се свиткаат, овозможувајќи темелно чистење на четката.

Универзитетот моментално е во потрага по лиценцирани партнери за да го комерцијализираат производот во индустријата за здравје и убавина. За да почне масовно производство потребно е да се обезбеди силна и флексибилна пластика, а дизајнерите се надеваат дека истражувачите од ова поле ќе им излезат во пресрет.

Четката, чија цена е 8.857 долари, може да се користи и за домашни миленици.

Научниците изработуваат прототип од овие четки, една по една, на 3D принтери, а потоа рачно ги додаваат четините.

chetki-za-kosa