Чевличките на Пепелашка со печат на Swarovski

24

Cinderella546cd24774a4fПроизводителот на луксузни предмети од кристали, Swarovski, во соработка со компанијата Дизни создаде нешто навистина бајковито.

Станува збор за нешто што ќе биде во центарот на вниманието на долго очекуваниот филм Пепелашка. Покрај декорацијата на фустанот, аксесоарите и накитот, компанијата го дизајнираше и предметот кој е главен лик во познатата бајка – стаклената чевличка, која што е изработена од вистински кристали.

cinderella-full-movie-2015-download-wallpaper

Дизајнерскиот тим кој работеше на чевличката изработи шест верзии од истата пред конечно да ја направи онаа ”совршената”. Креирањето на чевличката траело цели 150 часа, а на нејзе работеле осум луѓе. Таа е обложена со рефлектирачки слој на сини кристали – Aurora Borealis.

cinderella-still

Swarovski обезбеди 1,7 милиони кристали за целиот проект. Компанијата обезбеди кристали за преубавиот син фустан на Пепелашка, за фустанот на нејзината самовила и магичното стапче, како и за облеката на лошата маќеа и нејзините ќерки.

Главната улога во филмот ја игра Лили Џејмс, а во улогата на самовилата е Хелена Бонам Картер.