Chevrolet SS забранет во Израел затоа што потсетува на нацизам

81

Chevrolet SSGeneral Motors го претстави Chevrolet SS за 2014, но според името, ова возило не е добредојдено во Израел. Според пишувањата на Yedioth Ahronoth, новиот Chevrolet SS (Super Sport) нема да се увезува во Израел, поради тоа што неговото име потсетува на Schutzstaffel, моќна паравоена организација предводена од Хајнрих Химлер во времето на нацистичка Германија.

“Употребата на ова име е многу несоодветна… Тоа не е име што ќе им донесе успех и гордост”, изјави Барух Шув, менаџер на израелскиот Холокауст меморијален центар.

Автомобилот е произведен во Холден, австралиската филијала на General Motors.