
Chevron планира да ја купи американската нафтена и гасна компанија Hess Corporation во договор за сите акции во вредност од 53 милијарди долари, сметајќи на тоа дека побарувачката за фосилни горива ќе остане силна во наредните децении.
Договорот го вреднува капиталот на Хес на 53 милијарди долари, вклучително и 60 милијарди долари долг. Ова е последниот чекор во консолидацијата на енергетскиот сектор во САД, по купувањето на Pioneer Natural Resources од 64 милијарди долари од страна на Exxon Mobil на почетокот на овој месец, пишува Financial Times.
Акциите на Шеврон паднаа за 3,4 отсто во почетокот на тргувањето, додека акциите на Хес поскапеа за 0,6 отсто. Предложениот договор претставува премија од 10,3 отсто во однос на просечната вредност на акциите на Хес во претходните 20 дена.
Договорот за купопродажба доаѓа во момент кога американските енергетски компании сакаат да го искористат огромниот профит генериран од енергетската криза за да го консолидираат секторот кој се соочува со долгорочни предизвици бидејќи развиените земји имаат за цел нагло да ја намалат зависноста од фосилните горива.
Фото: facebook











