CHIIZ – автоматска четка што ги чисти забите за 30 секунди

30

Фото: Kickstarter

CHIIZ е четка за заби што темелно ги чисти забите за само 30 секунди.

Кога батеријата е целосно наполнета, четката може да се користи 10 дена. Тоа е доволно за забите да се измијат 20 пати.

CHIIZ доаѓа со практична футрола, па е погодна за патувања. Четката освен што брзо и темелно ги чисти забите, исто така е анти-бактериска и водоотпорна.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Менхетн, Њујорк и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 115.144 долари од потребните 10.000 долари, а кампањата трае уште 14 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во септември годинава.