
Претседателот на Чиле Габриел Бориќ изјави дека земјата ќе ја национализира литиумската индустрија со цел да ја подобри својата економија и да ја заштити животната средина.
– Ова е најдобрата шанса што ја имаме да преминеме кон одржлива и развиена економија. Не можеме да си дозволиме да го трошиме – рече Бориќ во телевизиско обраќање.
Тој изјави дека идните договори поврзани со литиум ќе се склучуваат само како јавно-приватно партнерство, под државна контрола, пренесе Ројтерс.
Ова значи дека во земјата со најголеми резерви на литиум во светот, контролата на литиумот на крајот ќе биде префрлена од индустриските гиганти SQM и Albemarle на посебна државна компанија.
Двете компании моментално ги снабдуваат Tesla, LG Energy и други производители на електрични возила и батерии. Бориќ додаде дека владата нема да ги раскине постојните договори, но се надева дека компаниите ќе бидат отворени за учество на државата пред да истечат.











