China Southern Airlines заинтересирана за Аеродром Љубљана и Adria Airways

51

ljubljana aerodrom

Кинеската компанија China Southern Airlines Corporation е заинтересирана за купување на Аеродром Љубљана и словенечкиот национален авиопревозник Adria Airways, пишуваат словенечките медиуми.

Кинезите сакаат аеродромот да го земат уште ова лето, а во случај да успеат, планираат модернизација на инфраструктурата и довршување на веќе започнатиот нов патнички терминал. Заинтересирани се и за Adria Airways, особено поради квалитетот на техничката служба за одржување на авионите.

Двете словенечки компании се на листата претпријатија за продажба и приватизација што ја состави Владата. Словенија продава 75,5% од акциите во компанијата која управува со аеродромот Јоже Пучник во Љубљана. Според пишувањата на медиумите, интерес за аеродромот покажале преку 20 компании. Освен најголемиот азиски авиопревозник, заинтересирани се и Fraport Group кој оперира со франкфуртскиот аеродром, потоа француската консултанстка група Egis, францускиот концесионер Vinci, како и италијанската Save која оперира со неколку италијански аеродроми и еден во Белгија.

China Southern Airlines се споменуваше и како можен купувач на Croatia Airlines, но по истекувањето на рокот кон крајот на минатата година, на повикот за доставување писма на намери за учество во процесот на купопродажба на 49% акции на хрватскиот авиопревозник, не пристигна ниту една понуда.