
Член на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Пјеро Чиполоне, денес оцени дека Европската Унија мора да ги отстрани пречките за единствениот пазар со цел да ја зајакне конкурентноста на европските компании.
Во интервју за IlSussidiario.net, Чиполоне предупредува дека Европската Унија, иако има пазар од околу 450 милиони потрошувачи, не ги користи целосно своите предности поради пречките за слободно движење на стоки и услуги.
Отстранувањето на тие пречки би им овозможило на компаниите да работат на поголем пазар, да го зголемат производството и да ги намалат трошоците за производство, што е особено важно за ИТ, финансиите и традиционалните индустрии како што е автомобилската индустрија, додава Чиполоне.












